Утрински Весник
Свет

„Брисел ерлајнс“ утре го откажува секој петти лет поради штрајк на кабинскиот екипаж

Bru air.jpg

Авиокомпанијата „Брисел ерлајнс“, подружница на германската Луфтханза, најави дека утре ќе го откажува секој петти лет, поради тридневен штрајк на кабинскиот персонал кој бара повисоки плати.

„Откаживме некои летови како мерка на претпазливост за да се осигураме дека 80 отсто од летовите можат безбедно да се оперираат“, рече портпаролот на белгиската авиокомпанија, додавајќи дека откажувањата главно ги погодуваат европските летови за кои може да се најдат алтернативи.

Христијанскиот синдикат, кој повика на штрајк, заедно со либералните и социјалистичките синдикати, утре ќе се сретне со раководството на компанијата за да разговараат за незадоволството на кабинскиот екипаж.

Белгиските медиуми пишуваат дека либералните и социјалистичките синдикати по состанокот ќе одлучат дали ќе се приклучат на штрајкот.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички