Утрински Весник
Македонија

Арсовска со Нова алтернатива ќе настапи самостојно на претстојните парламентарни избори

Danela 1 1.jpg

Партијата Нова алтернатива (НА), чија лидерка од неодамна е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе настапи самостојно на парламентарните избори.

Арсовска, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека верува во сопствениот и капацитетот на партијата, со која ќе имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици.

Арсовска наведува дека ќе ја предводи листата на НА во Изборна единица 1, но притоа не ги открива останатите носители со образложение дека се прават партиски калкулации.

-Доколку се сеќааваат сите што се случуваше на минатите избори во 2021 на локалните избори на коишто победив, јас имав голема бројка од околу 50 илјади гласови повеќе од сите 45 советници кои беа на листата од оние што ме поддржаа. А од мојот противник имав 30 илјади гласа повеќе. Така што, јас верувам во сопствениот капацитет, во ставовите кои ги застапувам и верувам дека граѓаните знаат да препознаат кога нешто е вистинито и чесно и искрено, рече Арсовска.

Прашана зошто се одлучи да преземе постоечка политичка партија, наместо да фомира нова за што се зборуваше во медиумите, Арсовска одговори дека станувало збор за шпекулација произлезена од „политичките кујни“.

-Раководството на партијата ме покани, разговаравме, затоа што знаеја дека имам аспирации да почнам нешто во политиката. Дискутиравме на сите теми, најдовме заеднички постулати за кои се обединуваме и одлучив да ја прифатам нивната покана и да продолжиме со Нова алтернатива на следните избори, кажа Арсовска.

Прашана за вештачењето на мостот „Беласица“, било направено сериозно вештачење од лиценцирана институција, но на прашањето – која е таа институција, таа го упати новинарот да побара одговор преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Вели дека мостот целосно ќе биде пуштен во употреба откако ЕСМ ќе заврши со поставувањето на цевководите. Таа исто така ја демантира веста дека е прекината соработката со приватниот институт на сеизмологот Михаил Гаревски, која беше објавена во дел од медиумите.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер