Утрински Весник
Македонија

„Украина – две години хероизам“ – голема мултимедијална конференција во Скопје

Ukraina.jpg

Амбасадата на Украина, во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, организира голема конференција под наслов „Украина – две години хероизам“ в понеделник, 26 февруари, во Музејот на македонската борба за независност, со почеток во 10 часот.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски и Амбасадорката на Украина Лариса Дир се првите говорници на конференцијата, а по нив следат обраќањата на премиерот Талат Џафери, вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, Артан Груби, министрите Бујар Османи и Славјанка Петровска и други високи претставници на државните институции.

Во втората сесија на оваа ќе говорат дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и Литванија.

Во музејот ќе бидат поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.

Програмата предвидува и промоција на книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала.

Високите безбедносни мерки налагаат претходна најава за присуство, а телевизиските екипи и фоторепортери треба да пристигнат најдоцна во 9:20 часот.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на медиумската платформа на ЦИВИЛ, на Фејбук профилот и Јутуб видео каналот на организацијата.

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол