Утрински Весник
Македонија

Битиќи до Славески: Оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени

Img 3012.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еве ќе прифатиме дека вкупната инфлација за 2022 и 2023 е 25%, како што професорот Славески наведува по социјални мрежи, иако таа реално по официјалните бројки на ДЗС изнесува 23,6% (14,2%+9,4%) напиша Битиќи.

Но да тргнеме по ред:
На почеток со растот на нивото на платите во целокупната економија во истиот период, односно да споредиме просек од декември 2023 и 2021 година, за кои веќе имаме официјален податок. Резултатот, погодувате, секако го негира тврдењето на професорот, затоа што во истиот тој период од просечните 29.943 денари за декември 2021 платата се зголемила на просек од 39.998 денари во декември 2023, или тоа е кумулативен раст од 33,6%.

Или, да биде појасно за проф. Славески оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени, што е далеку далеку повеќе од 0 (нула), односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните.

Дела место зборови!

Можете да прочитате

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси