Утрински Весник
Свет

Медведев: Руските сили би можеле да тргнат да го освојуваат Киев

Dmitry Medvedev 2016.webp.webp

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека руските сили може да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека елитите што сега владеат во главниот град на Украина мора да си заминат.

Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, како што рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД.

Медведев изјави режимот во Киев е претставен со марионети што немаат гризење на совеста и страв за иднината на Украина.

„Елитите што сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе изберат, а некои ќе бидат принудени“, изјави Медведев за руските медиуми.

Медведев изјави дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и дека, според тоа, тој град веројатно би можел да биде цел на руското освојување, пренесе „РИА новости“.

Медведев тврди дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, туку дека се принудени, рече тој, да го повторат тоа во јавноста за да се оправдаат огромните трошоци за воена помош за Киев.

„Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении“, рече Медведев.

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел