Утрински Весник
Економија

ОИЛКО со понуда за преземање на Макпетрол: Фирма ќерка ќе стане сопственик на фирма мајка?

Bir Alt Başlık Ekleyin 1

ОИЛКО КДА Скопје на Македонската брза за хартии од вредност достави известување за намерата да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Макпетрол АД Скопје.

Компанијата извести дека  е добиено Решение за издавање дозвола за понуда за преземање од Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија и дека постапката за преземање на друштвото продолжува согласно законските прописи и рокови.

Истовремено и Макпетрол на Берзата објави дека Управниот одбор на компанијата на ден 21.2.2024 година, добил Понуда и Проспект за преземање од ОИЛКО КДА – Скопје, за сите обични акции со право на глас, издадени од Макпетрол А.Д. – Скопје, со обврска да ги откупи по цена од 67.001 денари за една акција.

Макперол на крајот на април минатата гоодина, кога беше свикано Годишното Собрание  на акционери на Друштвото, имаше издадено вкупно 112.382 обични акции, од кои 11.238 сопствени акции и 101.144 обични акции со право на глас. Тоа значи дека ОИЛКО кој понуди цена од околу 1.090 евра за акција, за пеземањето на сите обични акции со право на глас треба да плати над 110 милиони евра.

Најголем удел во Акционерското друштво Макпетрол, според објавеното во медиумите, има првиот човек на компанијата Андреј Јосифовски, односно 2.000 акции што практично во удели изнесува 1,780%.

Но Јосифовски истовремено е и најголем поединечен акционер и во ОИЛКО, фирма-ќерка на Макпетрол каде поседува уддел од 14,98%.  ОИЛКО КДА инаку е командитно основано во 2007 година чиј сновач и најголем акционер е Макпетрол со 35 процентно учество во вредноста на капиталот. Основна дејност на ОИЛКО е транспорт и дистрибуција на нафтени деривати, а компанијата поседува сопствена автобаза лоцирана во село Миладиновци во близината на Скопје.

Доколку понудата биде прифатена од малцинските акционери тоа значи дека фирмата – ќерка ќе стане сопственик на фирмата мајка.

Познавачите на приликите коментираат дека зад целата акција стои токму Јосифовски кој преку ОИЛКО, сака да го преземе Макпетрол и потоа да го трансформира во ДОО или ДООЕЛ. Притоа додаваат дека ова се прави пред да се донесе новиот Закон за трговски друштва каде главниот акцент е во насока на заштита на малцинските акционери и во кој е предвидена промената со која за преземање на акциите малцинскиот акционер ќе треба да го добие највисокиот износ од:

1) највисоката цена по која тој во последните 12 месеци пред денот на закажување собрание на акционери на кое треба да се донесе одлуката за принуден откуп, стекнувал акции;

2) просечната цена постигната на овластена берза во последните 12 месеци пред  денот на закажување собрание на акционери на кое треба да се донесе одлуката за принуден откуп;

3) проценетата вредност од овластен проценител и

4) книговодствената вредност според последниот усвоен биланс на состојба.

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм