Утрински Весник
Свет

Тренер по таеквондо во Австралија уби момче кое го тренирал и неговите родители

U7.jpg

Таеквондо тренер од Австралија е обвинет за убиство на својот седумгодишен ученик и неговите родители. Со Кванг Кјунг Јо (49) кој моментално е во болница, адвокатите се појавија во судот во Парамата во негово име. Тие не побараа тој да биде ослободен со кауција или да се изјасни за виновен по обвиненијата.

Јо, сопственик на школата за таеквондо и боречки вештини Lion’s, останува под полициска стража во болница откако беше подложен на операција поради убодни рани и исеченици на градите, стомакот и рацете. Полицијата соопшти дека Јо ги задавил момчето и неговата мајка Мин Чо во неговото училиште во понеделникот вечерта, а потоа со автомобил се упатил кон нивниот дом и го избодел до смрт таткото на момчето, Стивен Чо.

Во полиција изјавил дека бил нападнат на паркингот.

После тоа дошол во болница и им кажал на медицинскиот персонал и полицијата дека бил нападнат на паркингот на супермаркетот. Засега властите не утврдиле кој бил точно мотивот за нападот. Единствената врска помеѓу Јо и жртвите е дека момчето било негов ученик и дека сите четворица се родени во Јужна Кореја.

Максималната казна за убиство во Нов Јужен Велс е доживотен затвор.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена