Утрински Весник
Балкан

Млада Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

20240222073230 Big 730x400 39.webp.webp

Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со Северна Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка на 23-годишна возраст, чие име ѝ е познато на редакцијата, но истото не го објави, согласно законските одредби кои ги регулираат таквите случаи.

Според синоќешното соопштение на косовското МВР, полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележала безживотното тело на едно лице на лентата за принудно запирање на возилата.

Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска сржавјанка, е без знаци на живот.

На местото на настанот излегле и надлежни истражни единици, како и обвинител, по чиј налог безживотното тело е однесено за обдукција во приштинскиот Институт за судска медицина. 

Можете да прочитате

Убиен е син на хрватски пејач во Еквадор

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската

Конгрес на хотелиери на Хрватска: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто