Утрински Весник
Македонија

Со кино проекции на „20 дена во Мариупол“ Бруталиск ја одбележува двегодишнината од руската инвазија врз Украина

20240221212346 Big 730x400 70.webp.webp

Со серија на кино проекции на годинашниот двократен кандидат за Оскар, „20 дена во Мариупол“, културниот центар „Бруталиск“ во соработка со здружението на Украинци „Лесја Украинка“ од Скопје, ја одбележува двегодишнината од руската инвазија врз Украина.

Документарниот филм ќе биде прикажуван во пет наврати во периодот од 20 до 26 февруари.

Украинскиот двоен кандидат за овогодишните оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје „20 дена во Мариупол“ е филм за украински воени репортери од „Асошиејтед прес“, затекнати во опсадата на најнастраданиот и речиси уништен град на истокот на Украина и нивно сведоштво за страдањата на цивилите и херојските подвизи на бранителите на градот.

Како последни меѓународни набљудувачи во Мариупол, тие ќе ги снимат ужасните снимки за неговото уништување кои подоцна ќе го обиколат светот и ќе сведочат за злосторствата на руската армија.

Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиејтед прес“ и „Фронтлајн“.

Можете да прочитате

Укината пресудата на докторот за пожарот во ковид-болница во Тетово

(МАПА НА ОЧЕКУВАНИ ТЕМПЕРАТУРИ ПО ГРАДОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД) Погледнете колку ќе изнесува температурата во вашиот град

ДИК в понеделник ќе има на маса 27 приговори за парламентарните избори