Утрински Весник
Македонија

Џафери од Арачиново: До здраво општество од најраната возраст на идните генерации 

21022024 Pvrsm 9 2.jpeg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ја посети Општина Арачиново. Премиерот Џафери ја посети градинката „Фатосат”, каде имаше свое обраќање, а потоа го посети Основното училиште „Абдил Фрашери” во Арачиново.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери:

„Задоволство е да се биде денес овде. Ова е во фаза на она што е моја дневна активност, покрај активностите во Кабинетот. Ние сме должи да сме со граѓаните, а не затворени таму, во канцеларија. Основна работа ни е да бидеме во комуникација, директна и ваква со граѓаните и одблиску да ги гледаме потребите.

Задоволство е што имам можност да ги видам овие предуслови овде коишто се наменети за најмилите, најмладите, коишто од мали нозе ќе имаат можност да прават разлика што е убаво, што е добро, и тоа секако ќе влијае и врз нивниот интегритет и градењето на нивната личност, оттука, па се до ситуација кога ќе дојде да бидат полнолетни. Оттука се гради практично перцепцијата за обврските кои ќе следат во време кога ќе се нафатат на тие обврски.

Сега за сега, немаат обврски. Штом ќе почнат да одат во школо, почнуваат нивните грижи и обврски и оттука, честито на сите. На шега ќе кажам дека ова е поубав објект од тој во Куманово што беше, иако и таму беше убаво. Моментално сме во најубавиот објект.

Честитки на децата, на родителите. Секако и родителите ќе бидат поспокојни, знаејќи дека децата ги оставаат во соодветни услови, во соодветна грижа, и особена почит секако за екипата која ќе се грижи за овие деца овде, тие кои се ангажирани, така што, тие имаат особена почит. Почит поради работата која ја вршат. Не е лесна работа. Најтешка работа е да се работи со децата кога ќе треба да се соживеете со нив.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ