Утрински Весник
Македонија

Неофицијално: Раководството на СДСМ донело одлука да го поддржи Стево Пендаровски

Pendarovski.webp.webp

Од извори во партијата неофицијално дознаваме дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за Претседател на државата. Оваа одлука, велат извори од СДСМ, деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата, наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери а на 3 ти март да биде и официјланата промотивна конвенција. Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, брифираат неофицијално од СДСМ.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат