Судот во Москва во вторникот издаде налози за апсење на двајца прогонети критичари на Кремљ, економистот Константин Сонин и политичарот Леонид Гозман, кои се обвинети за ширење лажни информации за руски војници вклучени во руската војна во Украина, пренесува РСЕ.
Сонин бил вработен во Вишата економска школа и во Новото економско училиште во Москва. Од 2015 година е професор на Универзитетот во Чикаго.
Гозман ја напушти Русија минатиот септември, откако отслужи две последователни 15-дневни затворски казни под обвинение дека ја изедначил Русија од советско време со нацистичка Германија.
И Сонин и Гозман отворено ја осудија инвазијата на Москва на Украина.