Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери:С.Македонија е цврсто определена за продолжување кон европскиот пат 

14022024 pvrsm .jpeg
Img 7972

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во изјава за МИА, зборува за пораките кои ги доби од европските челници во Брисел при првата меѓународна посета по стапувањето на функцијата, како и за приоритетите на Владата во насока на продолжување на евро-интегративниот процес.

„Владата, мнозинството и граѓаните на Република Северна Македонија опстојуваат на европскиот пат по однос на определбите за постигнување на оние предуслови коишто ќе ни го отворат и конечно ќе можеме да го заокружиме нашето патување кон полноправното членство во Европската Унија”, посочи премиерот Џафери. За него, посетата на Брисел е клучна, затоа што може директно да ги пренесе заложбите на Владата за земјата што поскоро да биде дел од европското семејство.

„Посетата е зацртано да биде првично во ЕУ, за да се покаже и практично да се пренесе определбата и заложбата да ги исполниме сите тие предуслови за да може да продолжиме кон европскиот пат”, рече претседателот на Владата, Џафери.

Можете да прочитате

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?