Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ својот последен фудбалски натпревар ќе го одигра против Србија

Zlatan

Во јуни 2023 година, Ибрахимовиќ ја заврши кариерата и му рече „збогум“ на професионалниот фудбал, а последниот натпревар во дресот на Шведска ќе го одигра – против Србија.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија на седницата на Извршниот комитет ги информираше членовите на Комитетот на ФСС за подготвителната програма за ЕУРО 2024 година.

-Посебно сме импресионирани од фактот што ѕвездата на европскиот и светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, ќе се збогува од активното играње на натпреварот во Стокхолм“, се вели во соопштението на ФСС.

Ибрахимовиќ во октомври наполни 42 години, а во исклучително богатата кариера играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси, пред да ја заврши кариерата кај Росонерите.

За шведската репрезентација одигра 120 натпревари и постигна 62 гола.

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра