Утрински Весник
Свет

Руските власти распишаа потерница по естонската премиерка

Picture 717 660x486 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руските власти распишаа потерница по естонската премиерка Каја Калас, пренесе Бета. Калас во Русија се товари за „кривичен случај“, пишува денеска во соопштение на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи. Не се прецизира за какво кривично дело или прекршок се товари Калас. Потерница е распишана и по државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и литванскиот министер за култура Симонас Кајрис. Распишувањето потерници ги зголемува тензиите меѓу Русија и балтичките земји по нападот на Кремљ врз Украина.

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија