Утрински Весник
Македонија

Петровска на средба со претставници со „ЛОМ-Прага”: Навремената испорака на хеликоптерите која ќе се реализира оваа пролет е добар знак и ја потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји

Petrovsak Na Sredba So Pretstavnici Na Lom Praha 5.jpeg

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во воздухопловниот ВИНГ оствари средба со извршниот директор на Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага”, Јири Протива и со амбасадорот на Чешката република Јарослав Лудва.

„По долги години имаме партнер за соработка кој ја гарантира оперативноста и одржувањето на нашите воздухоплови. Ние сакаме опрема која ќе биде оперативна и токму благодарение на двата договори влада со влада, за ремонт, за набавка на резервни делови и за обука на персонал за одржување на воздухопловите сега имаме партнер на кој можеме да се потпреме”, истакна министерката Петровска.

Таа ја потенцира важноста од исполнувањето на договорот што ќе значи и подигнување на капацитетите на Воздухопловниот ВИНГ.

„Навремената испорака на двата хеликоптери е добар знак и ја потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји. Реализацијата на овој договор претставува позитивен пример за продолжување на нашата добра одбранбена соработка”, рече Петровска.

Извршниот директор на „ЛОМ-Прага”, Јири Протива најнапред упати благодарност за денешната средба и потенцира дека двата договори се исполнуваат во целост. Тој додаде дека испораката ќе биде навремена и во следните фази согласно договорите е и обука на персонал за одржување на воздухопловите. 

Амбасадорт Лудва на средбата потенцира дека двете страни од самиот почеток работеа напорно за да се реализира овој проект со цел  да се стигне до финалната фаза. 

На денешната средба во Воздухопловниот ВИНГ присуствуваа и државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев, Конзулот на Чешката Република Давид Чернохорски, командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски и претставници од Министерството за одбрана и Воздухопловниот Винг.

Двата договори потпишани Влада со Влада придонесуваат за системски да се решат предизвиците и истите овозможуваат брза и навремена испорака на резервни делови потребни за целосна функционалност на воздухопловите на македонската Армија. Испораката на двата ремонтирани хеликоптери ќе се реализира во првата половина на 2024 година.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница