Играчот од средниот ред на француската репрезентација и на Астон Вила Бубакар Камара (24) го повреди коленото и очигледно сезоната за него е завршена, а под знак прашалник е и неговиот настап на Европското првенство во Германија.
Камара заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото на натпреварот против Манчестер Јунајтед“, објави Вла.
„Состојбата на Камара ќе биде појасна по дополнителни консултации со специјалистот за колено“, се додава.