Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Соработката со САД е наш солиден темел за исполнување на европската агенда на Северна Македонија

Foto4 1.jpg

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на посетата на САД, денес учествуваше на панел дискуцијата на тема EU-US Relations: Building Collective Security in a Shifting World, Односи ЕУ-САД: Градење колективна безбедност во свет кој се менува.

На конференцијата, посветена на односите на ЕУ со САД, учество зема и Вицепремиерот Маричиќ, претставувајќи ја Северна Македонија со осврт на темата од перспектива на земја кандидат за пристапување во ЕУ. За почеток Маричиќ ја истакна соработката со САД со стратегијата за поддршка на Западен Балкан базирана на три принципи: јасна агенда, силна поддршка и константно присуство.

Северна Македонија има воспоставено стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, посебни форми на соработка, каде што системот на рестриктивни мерки на САД за санкционирање на корумпирани политичари на Западниот Балкан е од исклучително значење за борба против корупцијата, и ќе помогне во регулирање и реформирање на системот на патот кон ЕУ. Решавањето на предизвиците како што се корупцијата и промовирањето на интеграцијата се од суштинско значење за постигнување на оваа цел.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека присуството и поддршката на американските политичари се од витално значење во борбата против корупцијата на нашиот евроинтергативен пат. Ангажманот и соработката со американските политичари ја зајакнува нашата посветеност на демократските вредности и ги зајакнува трансатлантските партнерства.

Посветени сме на поттикнување на регионалната соработка преку редовни посети и дијалог. Зајакнувањето на партнерствата во рамките на Западен Балкан и со сојузниците во НАТО е од клучно значење за унапредување на заедничките цели и справување со заедничките предизвици.

„Претстојните европски избори имаат значајно значење во обликувањето на иднината на Европа. Од суштинско значење е да се истакнат прогресивните перспективи на младите генерации кои се залагаат за европско единство и соработка. Исходот од европските и локалните избори во Западен Балкан ќе има големо влијание врз идната траекторија на регионот. Овие избори претставуваат клучни пресвртници во нашето колективно патување кон стабилност и просперитет.“ рече Маричиќ.

На конференцијата беа истакнати геополитичката ситуација во Европа, со нагласена важноста од креирање на иднина која ќе значи безбедност и стабилност во регионот.

На панел дискусијата учествуваа и Јовита Нелиупсиене-Евроамбасадорката во САД, Кристофер Смарт – оснивач на Аброт Груп, додека модератор на панел дискусијата беше Џереми Шапиро- Директор за истражување, Европски совет за надворешни односи.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош