Утрински Весник
Свет

Бајден: Немам проблеми со меморијата, јас сум постар човек и знам што правам

618916296646daefd1baa4518675985 V4 Big 1.jpg

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е задоволен што специјалниот обвинител Роберт Хур заклучил дека не треба да биде обвинет во случај на несоодветно постапување со доверливи документи кога ја напуштил позицијата на потпретседател на САД во 2017 година.
„Специјалниот обвинител објави дека целосно соработував. Ниту ја блокирав истрагата ниту побарав одложување“, рече Бајден во вонредното обраќање по повод објавувањето на заклучоците од истрагата. Тврдењата дека намерно сум криел доверливи документи се погрешни. Не го прекршив законот и овој случај е затворен за мене“, рече Бајден, пренесе „Гласот на Америка“. Како пример за соработка со истрагата, Бајден го наведе петчасовното интервју распоредено во два дена во текот на октомври во времето на конфликтот меѓу Израел и екстремистите од Хамас. Бајден ги критикува наводите на специјалниот обвинител Хур дека американскиот претседател не се сеќава кога починал син му Бо наведувајќи ги неговите проблеми со меморијата. „Како се осмелува да направи такво нешто? Кога ми го поставија тоа прашање, си помислив дека такво нешто не е нивна работа“, рече Бајден за време на говорот во Белата куќа. „Немам проблеми со меморијата, таа ми е доста добра. Јас сум постар човек и знам што правам“, изјави американскиот претседател. Обвинителот Роберт Хур рече дека одлучил да не поведува обвиненија затоа што Бајден соработувал во истрагата и затоа што, најверојатно, ќе привлече симпатии како обвинет за време на судењето.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина