Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
Целта на посетата на Вицепремиерот Маричиќ е учество на Конференцијата The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads на престижниот Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс, која ќе се одржи на 9. и 10. Февруари 2024.
Вицепремиерот Маричиќ исто така ќе оствари средби со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан кои се наоѓаат на универзитетот на Харвард.
Во рамките на посетата Вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средби, со Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската Унија, Стефано Санино, и други средби со високи претставници.