Утрински Весник
Македонија

Маричиќ во посета на САД

D0bcd0b0d180d0b8d187d0b8d19c D0b7d0b0d0b5d0b4d0bdd0be D0b4d0b0 D0bfd0bed0bad0b0d0b6d0b5d0bcd0b5 D0b4d0b5d0bad0b0 D0b2d0b8d0b7d0b8d198 63ca6fe7d9e21.jpeg

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

Целта на посетата на Вицепремиерот Маричиќ е учество на Конференцијата The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads на престижниот Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс, која ќе се одржи на 9. и 10. Февруари 2024.

Вицепремиерот Маричиќ исто така ќе оствари средби со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан кои се наоѓаат на универзитетот на Харвард.

Во рамките на посетата Вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средби, со Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската Унија, Стефано Санино, и други средби со високи претставници.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница