Утрински Весник
Свет

Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Украина и Израел

Dolari.png

Откако републиканците во Сенатот го отфрлија внимателно преговараниот договор за границата на нивниот колега сенаторот Џејмс Ланкфорд, партијата повторно е на истата позиција во која беше пред неколку месеци.

Многумина сакаат да испратат пари во Украина, но најдобрата стратегија за тоа е спорна, пренесува CNN.

Како резултат на тоа, републиканците во Сенатот денеска блокираа двопартиски пакет законои, чија цел беше да се намали рекордниот број на нелегални гранични премини на САД и да се вклучи итна помош од милијарди долари за Украина, Израел и американските партнери во индо-пацифичкиот регион.

Официјални лица од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден со месеци работат со демократите и републиканците во Сенатот на нацрт-законот, кој не ги доби потребните 60 гласови од сенаторите за да биде усвоен.

Претходно, повеќето републиканци потврдија дека ќе гласаат против законот.

Според двопартискиот предлог-закон, Израел ќе добие 14 милијарди долари, 60 милијарди се наменети за помош на Украина, а 10 милијарди ќе одат за хуманитарна помош за цивилите во Украина, Газа и Западниот Брег.

Републиканците првично бараа промени во граничната политика во замена за помош за Украина, но го напуштија тој компромис веднаш по објавувањето на договорот за границата, сметајќи го за неадекватен. Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе се обиде да го спаси пакетот за воена помош и ќе продолжи да се залага за гласање за помош од десетици милијарди долари за официјален Киев, Израел и другите сојузници на САД, но без легислативата за поефикасна контрола на американските граници.

Засега не е сигурно дали доволен број републиканци ќе гласаат за продолжување на постапката за гласање на законот за воена помош, бидејќи за усвојување на таа процедура потребно е и мнозинство од 60 гласови во Сенатот.

Пакетот за помош од 60 милијарди долари за Украина е закочен во американскиот Конгрес со месеци поради зголеменото противење на конзервативците во Претставничкиот дом и Сенатот кои ја критикуваат одлуката на администрацијата на Бајден како расипничка и бараат стратегија за излез на Америка од војната. во Украина, пренесува Euronews.

Во исто време, републиканците се многу самоуверени кога се во прашање претстојните избори.

-Ќе ја победиме Западна Вирџинија, ќе го победиме Охајо. Ќе победиме во Монтана. Имаме одлични кандидати во сите држави. Мислам дека Невада и Аризона се во игра. Уверен сум дека повторно ќе го освоиме Сенатот – изјави за Си-Ен-Ен сенаторот Марквејн Малин, републиканец од Оклахома.

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот