Утрински Весник
Спорт

Колку заработил Чеферин како претседател на УЕФА ?

219392 Cheferin Mu Vrati Na Boban I Toa Epten Drsko.jpg

Членовите на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) го сменија Статутот за да може првиот човск, Александер Чеферин да се кандидира за уште еден, четврти мандат по ред за претседател, но Словенецот ги изненади со изјавата дека нема намера да бара поддршка за уште еден мандат. За менување на Статутот на Конгресот на УЕФА, кој денеска се одржа во Париз, само Англија била против. Колку заработил Словенецот, Чеферин од застанувањето на чело на УЕФА па до сега. Се шпекулира дека е тоа сума од 13,5 милиони евра. Сепак ова е бруто сума, а во неа не се пресметани разните бонуси. Во просек Чеферин заработувал бруто, по два милиони евра годишно. Словенецот го презеде кормилото во европскиот фудбал во 2016 година кога го наследи Мишел Платини како привремено решение, целосен мандат првпат доби во 2019 година, а по вторпат беше избран во 2023 година. Тој нема да се кандидира на новите избори во 2027 година, иако тоа му го овозможија измените на статутот на УЕФА на актуелниот Конгрес.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл