Утрински Весник
Македонија

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна затвор од шест години

Lisici priveduvanje 303783.jpg

На 08.02.2024 околу 13.45 часот на раскрсница помеѓу с.Бомово и Дебар , во близина на државната граница со Р.Албанија полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода М.А . (31 ) од Дебар.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Можете да прочитате

Павловска најави нов протест против фемицидите на 25 ноември

Михаилова тврди дека баба и била „киднапирана“ на граница, МВР вели дека разговорот траел два часа

Павловска за случајот во Богданци: Едномесечното отсуство од настава требало да биде сигнал за реакција