Утрински Весник
Култура

Од следната недела почнува реконструкцијата на Универзална Сала, најави Костадиновска

1707397733 Unnamed File.jpeg

-Од следната недела започнува реконструкцијата на Универзална сала, собрани се сите потребни документи со што изведувачот може да започне со работа.

Ова денеска го најави изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Поминавме еден многу интересен период во однос на примопредавањето на документацијата со Универзалната сала. Никој не претпоставуваше дека ќе молиме да ни се предаде целосната документација затоа што и нам, на Министерството за култура, ни следуваат рокови. Ги собравме сите релевантни документи по подолгиот и потешкиот пат“ – изјави Костадиновска Стојчевска на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Таа посочи дека останува уште да се потпише договорот за банкарска гаранција и веќе наредната недела изведувачот таму ќе почне со работа. Како што подвлече, процесот е затворен и ќе може да се почне со реконструкција.

„Веќе наредната недела изведувачот ќе почне да го расчистува објектот и да гради, затоа што ги имаме парите, ги обезбедивме и ги завршивме сите потребни процедури и крајно време е таму да започне работата. Но, ни крај памет на мене како министерка а верувам ниту на граѓаните не им беше дека за еден ваков проект, кој што навистина не треба да биде предмет на некакво препукување, ќе треба да молиме за целосна документација“ додаде Костадиновска Стојчевска.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“