Утрински Весник
Спорт

Русија и Србија ќе играат во Москва, поканет да ги гледа од трибините е Ѓоковиќ

219387 Gjokovikj Specijalen Gostin Na Kontroverzniot Mech Pomegju Rusija I Srbija Vo Moskva.jpg

Откако првиот човек на европскиот фудбал, Словенецот Александар Чефери најави дека нема никакви пречки да се одигра пријателскиот натпревар меѓу Русија и Србија во Москва на 21 март, денеска информацијата ја потврди и Максим Митрофанов, генералниот секретар на Руската фудбалска федерација. -Нема никакви законски пречки кои би можеле да го спречат одигрувањето на натпреварот. Имавме билатерален договор потпишан од двете страни и потврден од светските фудбалски власти – УЕФА и ФИФА. Нема знаци дека дуелот би можел да биде одложен. Многу е значаен податокот дека натпреварот против Србија се игра на руско тло, изјави Митрофанов. За овој натпревар покана да присуствува во Москва веќе добил првиот светски тениски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ. За Русија натпреварот со Србија ќе биде прв против европски тим по две години пауза. ФИФА и УЕФА ја исфрлија руската репрезентација и клубови од меѓународните натпреварувања пред две години поради воената интервенција во Украина.

Можете да прочитате

Ново изненадување во Рим: Крај за Рубљов

Италија ја изненади Црна Гора, Шола си поднесе оставка

Динамо Букурешт ангажира екс-играч на Барселона, а место него пристигнал неговиот брат близнак !?