Алијанса за Албанците нема да дозволи тројански коњи на ДУИ да бидат дел од партијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на брифингот со новинарите денеска јасно порача дека неговата партија е силна и обединета и расчистува со неистомислениците.
„Сега конечно е јасно кои се вистинските членови на Алијанса кои работат чесно и стојат зад иделогијата на партијата, а кои биле тие кои заради лични интереси решиле да кумуваат со ДУИ во политиката. Алијанса за Албанците е сега обединета и посилна. Toa e така затоа што конечно граѓаните и симпатизерите може да направат разлика и да бидат сигурни дека нема да имаме тројански коњи на ДУИ кои ќе ја уништат партијата“- вели Меџити.
Според министерот за здравство, ДУИ преку нивните министри од кои зависат многу работи и решенија, наместо да работеле во интерес за граѓаните, ги политизирале процесите. Меџити вели дека таквото функционирање на ДУИ, наишло на поддршка и од членови на неговата партија.
Се покажа дека ДУИ преку нивните министри од кои зависат многу работи и решенија, до крај реши да политизира. Реши до крај да оди против интересот на граѓаните, пациентите и здравствените работници, а да го штити својот личен партиски интерес. Ама тоа е разликата меѓу оние како мене кои работат само на решенија и оние кои ги интересира само политика“-изјави Меџити.
Меџити вели дека во Алијанса за Албанците нема никаков раскол, ниту поделба, туку расчистување со сојузниците на ДУИ.
„Сега конечно е јасно кои се вистинските членови на Алијанса кои работат чесно и стојат зад иделогијата на партијата, а кои биле тие кои заради лични интереси решиле да кумуваат со ДУИ во политиката. Алијанса за Албанците е сега обединета и посилна“-вели Меџити.