Утрински Весник
Македонија

Средба на Пендаровски со Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на фестивалот „Војдан Чернодрински”

Foto 1.jpg

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински”.

На средбата, Стојаноска го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински” е „Враќање дома”, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот.

Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлече дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво.

Потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, претседателот Пендаровски потенцираше дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински”.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот