Утрински Весник
Свет

Палестинско Министерство за здравство: За еден ден во Појасот Газа убиени се 107 луѓе

20240206111129 big 730x400 48.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во енклавата убиени се 107 Палестинци.

Вкупниот број на загинати од 7 октомври изнесува 27.585 луѓе, од кои поголемиот број се жени и деца.

Во борбите помеѓу израелската армија и Хамас повредени се вкупно 66.978 лица.

Во нападите предводени од Хамас на 7 октомври мината година загинаа околу 1.200 лица, а исто така киднапирани се и приближно 250 лица.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат