Утрински Весник
Економија

Поради големиот број на апликации се затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата

D0b5d0b2d0b5 D0bad0b0d0bad0be D0bad0bbd0b8d0bcd0b0d182d0b0 D0b4d0b0 D0b2d0b8 D180d0b0d0b1d0bed182d0b8 D0bfd0be D186d0b5d0bb D0b4d0b5d0bd 63cd9584bfe13.jpeg

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, соопштуваат од Министерството.

Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас  за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година.

Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.

Можете да прочитате

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Фајненс тинк изразува загриженост за зголемување на дефицитот