Утрински Весник
Македонија

Годишен одмор не можат да си дозволат 55 отсто од Македонците

20240204203947 big 730x400 97.webp.webp

Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава. Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).

Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7.

Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%).

На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Францусите и 36,6% од Шпанците.

Можете да прочитате

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

И синот на Филипче матурант: “Животот ќе ти зависи од одлуките кои ги носиш”

Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори