Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја оствари шестата победа сезонава во регионалната АБА 2 лига и направи уште еден чекор поблиску до пласман во плејофот на ова натпреварување. Скопјани денеска на вториот меч на турнирот во Нови Сад ја совладаа хрватската Шибенка (93:77). Во првиот натпреавр подбри беа од Шенчур. Шибенка пружи отпор само на почетокот од мечот кога имаше и водство од 9:4. МЗТ Скопје го презеде водството со серијата од 10:0, пред крајот на четвртината, а во втората направи уште една низа од 11:0 и имаше убедлива предност од 14 поени (44:30), по што стана јасно дека се на вистинскиот пат да обезбедат нова победа. Најефикасен играч кај „металците“ беше Делалиќ со 16 поени, а уште петмина го завршија мечот со двоцифрен број на постигнати кошеви. Во Нови Сад, МЗТ Скопје ќе одигра и трет натпревар со домаќинот Војводина, в недела во 18 часот. Шибенка останува на последното место на табелата со само една победа во досегашните девет кола.