Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Законот за рестриктивни мерки треба да постои, стратешкото партнерство со САД е значајно за развој на македонското општество

Oliver spasovski 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за Канал 5 зборуваше за Законот за рестриктивни мерки во насока на листата на санцкии на Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, при што ја даде својата поддршка за носење на истиот како знак за силното стратешко партнерство со САД.

„Таквиот Закон за рестриктивни мерки како и измена на други законски решенија кои ќе бидат во функција на тоа да се преземаат и конкретни мерки за личности, правни и физички лица кои се на црна листа на САД и Обединето Кралство, треба да постои. Претходната Влада изрази јасна политичка волја во однос на носење на законското решение затоа што стратешките партнери, САД се наши стратешки партнери. Не можеме да бидеме стратешки партнери кога треба да имаме одредени права или да остваруваме наши цели. Тоа е взаемен однос и тоа треба да го покажеме. Владата мора да покаже политичка волја во овој дел. Според мене не треба да се повлече. Сметам дека ако е причината некаква доработка или треба да се направи анализа кои други законски решенија треба да се сменат, тоа треба да се направи, да се уреди целосно процедурата која треба да биде низ овие постапки. Но, едно е јасно, стратешкото партнерство е најсилно и многу значајно за развој на македонското општество”, истакна Спасовски.

Можете да прочитате

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери