Утрински Весник
Свет

Иран: Не сакаме војна, но ако се обидат да не малтретираат ќе добијат силен одговор

139907413165bcb121e1013533080423 V4 Big.jpg

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека неговата земја нема да започне војна, но дека „силно ќе одговори“ на секој што ќе се обиде да ја малтретира.

Коментарите на Раиси дојдоа по неколкудневните шпекулации за тоа како Вашингтон би можел да возврати откако тројца американски војници беа убиени во напад врз нивната база во Јордан минатата сабота од страна на група поддржана од Иран.

„Си-Би-Ес Њуз“, цитирајќи американски официјални претставници, објави дека Соединетите Американски Држави одобриле планови за повеќедневни напади во Ирак и Сирија против повеќе цели, вклучително и ирански персонал и објекти во тие земји.

„Нема да започнеме никаква војна, но ако некој сака да не малтретира, ќе добие силен одговор“, рече Раиси во телевизискиот говор.

„Претходно, кога Американците сакаа да разговараат со нас, рекоа дека воената опција е на маса. Сега велат дека немаат намера да се судрат со Иран“, рече Раиси.

„Воената моќ на Исламската Република во регионот не е, и никогаш не била закана за ниту една земја. Напротив, таа обезбедува безбедност на која земјите од регионот можат да се потпрат и да и веруваат“, додаде Раиси.

Извори рекоа дека елитната иранска револуционерна гарда ги повлекува високите офицери од Сирија.

Иранските советници им помагаат на вооружените групи и во Ирак, каде што САД имаат околу 2.500 војници, и во Сирија, каде што има 900.

Можете да прочитате

Интерпол распиша потерница за лидерот на Лев Тахор чии членови живееја во Македонија

Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во Египет

Кремљ: Путин и Алиев повторно разговараа за падот на азербејџанскиот авион