Утрински Весник
Македонија

Пораст на заболени од грип – Ресен, Кавадарци и Кратово со многу висока активност на вирусот

Zdravstvo.webp.webp

Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар – висока и во три – Ресен, Кавадарци, Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

– Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Северна Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на четвртата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 67 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2).

– Притоа, детектирани се 20 позитивни случаи на Influenza: 14 Influenza А(H1)pdm09, 2 Influenza А(H3), 3 Influenza А – несубтипизиран и 1 Influenza B – неодредена линија. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?