Девет лица, меѓу кои и деца, се повредени откако во јужен Лондон била фрлена супстанца врз луѓе, за која се верува дека е киселина.
Според првичните информации, маж по судир фрлил киселина кон луѓето во автомобилот.
Лондонската противпожарна бригада објави дека биле „повикани на хемиски инцидент на авенијата „Лесар“ и пружиле итна помош на една жена и две деца.
Лондонската Брза помош соопшти дека вкупно девет лица се згрижени од местото на настанот, а пет се префрлени во центарот за трауматологија.
„Тројца пациенти се префрлени во локалната болница, а другиот е отпуштен на лице место“, се додава во соопштението.
Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и тројца полицајци, но се претпоставува дека нивните повреди се полесни.
Во потера по одговорното лице бил и вклучен хеликоптер.
„Ги користиме нашите ресурси за да го уапсиме ова лице и работиме за да се утврди што доведе до овој ужасен инцидент“, рече детективот Александар Касл.
Тој рече дека тестовите се во тек, но се верува дека супстанцијата е „корозивна“.
Членот на Собранието на Лондон, Марина Ахмад изјави дека мажот фрлил киселина врз луѓето во автомобилот по несреќата.