Утрински Весник
Свет

Лавров ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја

Screenshot 2024 01 25 152114

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја. Лавров на синоќешната прес-конференција во ОН истакна дека новиот воен блок околу САД ги зголемува своите активности. – Одеднаш, јужнокорејската реторика стана уште понепријателска кон Пјонгјанг, наведе Лавров, додавајќи дека „агресивна реторика“ се слуша и од Јапонија и дека Токио сериозно зборува за поставување инфраструктура на НАТО со американска помош. Според Лавров, целта на тој воен блок е јасно изразена, тие „се подготвуваат за војна со Демократска Народна Република Кореја. Лавров тврди дека САД и азиските сојузници исто така разговараат за развој на соработката поврзана со нуклеарни прашања. САД, Јужна Кореја и Јапонија минатата година спроведоа заеднички поморски вежби во кои учествуваше американски носач на авиони.

Можете да прочитате

„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа