Утрински Весник
Свет

Соборувањето на авионот „Иљушин 76“ за руското МО е терористички акт

Screenshot 2024 01 24 151753

Режимот во Киев изврши терористички акт, во кој беше соборен руски воен транспортен авион, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Денеска во 11:15 часот режимот на Киев изврши терористички акт, како резултат на кој беше соборен руски воен транспортен авион кој летал на релација Чкаловски-Белгород и превезувал украински воен персонал на размена“, соопшти Министерството.

Руското Министерство соопшти дека размената на затвореници, според претходниот договор, требало да се изврши на контролниот пункт Колотиловка на руско-украинската граница во попладневните часови.

Транспортниот авион Ил-76 на руското воено воздухопловство, со 65 украински затвореници, кои беа превезени на размена, заедно со шест членови на екипажот и тројца придружници, се урна во регионот на Белгород, соопшти претходно денеска руското Министерство за одбрана.

„Раководството на Украина добро знаеше за претстојната размена, беше информирано како ќе бидат испорачани затворениците, но авионот Ил-76 беше соборен со три проектили од противвоздушен ракетен систем, или Патриот или ИРИС Т, произведен во Германија експертите тоа ќе го решат“, рече претседателот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов на пленарниот состанок на Државната дума.

Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгородската област, изјави дека сите кои се наоѓале во авионот „Иљушин-76“ загинале.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков