Утрински Весник
Свет

Судир меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка: има загинати и повредени

Screenshot 2024 01 24 110043

Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени, пренесуваат медиумите во регионот.

Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица.

Несреќата се случила рано утринава кога брз воз, кој се движел кон Прага, удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин.

Надлежните изјавија дека во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Според надлежните, оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг