Утрински Весник
Свет

Мароко лани запрело 75.184 мигранти кои се упатиле кон Европа

Img 8220

– Мароко запрело 75.184 илегални мигранти кои имале намера да заминат во Европа во 2023 година, што е повеќе од шест отсто во однос на 2022 година, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Мароко.

Мароканската морнарица спасила 16.818 луѓе на море во 2023 година, што е за 35 отсто зголемување во споредба со 2022 година, соопшти Министерството, истакнувајќи дека Мароко разбило 419 мрежи за криумчарење мигранти минатата година, што е за 44 отсто зголемување од претходната година.
Според Министерството за надворешни работи во Рабат, бројките покажуваат дека мароканската граница е заштитена.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме