Утрински Весник
Македонија

Средба Османи- Борел во Брисел: Неопходност од постепена интеграција на земјите од Западен Балкан пред формалното членство во ЕУ

Img 8186
Screenshot

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Во фокусот на разговорите беа актуелностите поврзани со европското досие, процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.

Screenshot

Османи го акцентираше успешното завршување на скринингот, како и потребата од забрзување на процесот на пристапување кон ЕУ што служи како силен мотиватор и движечка сила за реформи. Воедно, се осврна и на целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласувајќи ја и потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки, што всушност претставува наш заеднички интерес.

“Полноправното членство на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива. Она што сега ни треба, е регионот да биде подготвен за членство, додека Унијата за проширувањето, односно да го задржиме кредибилитетот на процесот преку поголема интеграција пред членството” истакна Османи.

Соговорниците се осврнаа и на ЕУ интеграциите во поширок регионален контекст, а разговараа и за соработката и справувањето со последиците од руската воена агресија во Украина, ситуацијата во Газа и Блискиот Исток и други актуелни прашања од надворешно политичка и безбедносна природа.

Во Брисел, Министерот Османи имаше прилика да се сретне и со специјалниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак.

Можете да прочитате

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопje

Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано

Утрински Весник