Утрински Весник
Свет

Кирби: Израел има обврска да ги заштити невините луѓе во болниците во Појасот Газа

IMG

Израел има обврска според меѓународното право да ги заштити невините луѓе во болниците во Појасот Газа што е можно повеќе додека ја продолжува својата воена кампања против Хамас, соопшти денеска Белата куќа.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг со новинарите изјави дека Израел има право да се брани, но дека тоа треба да го направи во согласност со меѓународното право и да ги заштити невините луѓе во болниците, медицинскиот персонал и пациентите што е можно повеќе.
Кирби изјави дека Хамас е познат по тоа што намерно користи места како болници за складирање оружје, сместување на своите борци, па дури и ги користи како командни центри, што дополнително ја комплицира позицијата на Израел.

Можете да прочитате

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

Ако Израел не се повлече од јужен Либан ќе се соочи со отпор

Иран сè уште не донел одлука за испраќање делегација во Исламабад