Утрински Весник
Македонија

(Фото) Советникот Стефан Андоновски и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ги измрнзаа скопјани „зезнувајќи“ ги вработените во ЈСП

IMG

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Стефан Андоновски денес беше фотографиран како со поранешниот пратеник Илија Димовски и останати луѓе од ПР тимот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се договараат да ги ,,зезнат” 1300 вработени во ЈСП, да не земат плата и да ги остават скопјани да мрзнат по улиците без јавен превоз.

На овој начин, личниот хир на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со градоначалничката на Град Скопје, која беше поддржана токму од неговата партија, Данела Арсовска, продолжува со создавање хаос и „зезнување“ на 1300 вработени во ЈСП.
Град Скопје денес остана без јавен градски превоз, откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот блокираа изгласување на субвенции за ЈСП, со цел да се исплатат платите на вработените.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија