Утрински Весник
Свет

Рускиот парламент ќе расправа в понеделник за законот за конфискација на имот на противници на војната

IMG

Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин денеска изјави дека следната недела ќе биде претставен закон за конфискација на имотот на непријателите на руската држава и противниците на војната во Украина, јави ДПА.

Неопходно е да се „казнат злосторниците кои фрлаат нечистотија врз нашата земја, војниците и офицерите кои учествуваат во специјалната воена операција“, напиша спикерот на Думата на Телеграм, користејќи го преферираниот термин на Кремљ за инвазија врз Украина што почна во февруари 2022 година

Релевантниот предлог-закон ќе биде доставен до Думата в понеделник, наведе Володин.

Новиот закон ќе дозволи конфискација на „пари, вредни предмети и друг имот што се користи или наменет за финансирање криминални активности насочени против безбедноста на Руската Федерација“, објави Володин. Тој наведе осум активности кои би можеле да доведат до конфискација, вклучително и поддршка за санкции против Русија.

Можете да прочитате

Иран нападна трговски брод во близина на Хормуз

Луфтханза откажува 20.000 летови поради високите цени на керозинот

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад