Утрински Весник
Македонија

Ги изгубил сите пари на апарати па го запалил цело казино во Велес

Kazino

Вчеравечер лице кое изгубило пари во казино во Велес,  подметнало пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата. Пожарот се случил во просторија од  станбениот комплекс кај црквата Св. Јован во новиот дел на градот.

„На 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Пожарот бил локализиран од страна на ТППЕ Велес, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Повикот за интервенција кон ТППЕ Велес бил упатен во 17,45 ч. во казино во новиот дел на градот. Опожарени од гостин во казиното, со запалива течност, биле апарати во просторијата. Пожарната интервенирала со две возила и десетина пожарникари. Огнот бил локализиран во 19,45ч. Превентивно е исклучена електричната енергија од едниот влез во зградата“ – соопштија од ЦУК.

На местото од пожарот била и екипа на Итната помош, но од неа никој на побарал лекарска помош.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?