Утрински Весник
Македонија

Кривичен суд треба да одлучува дали таткото на Вања ќе се префрли во куќен притвор

АЃ

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, чека одговор од Кривичниот суд дали и понатаму ќе остане во притвор во истражниот затвор ,,Скопје” или ќе оди во куќен притвор.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ за ,,Фокус” изјавил дека на 9 јануари поднал барање за укинување на притворот и одредување на куќен притвор. По ова барање треба да одлучи судија на претходна постапка.

Одлуката се уште не е донесена бидејќи како што појаснуваат од Кривичниот суд се чека мислењето од Обвинителството. Инаку судијката Весна Димишкова, која досега одлучуваше, во меѓувреме беше избрана за судија во Апелација, поради што предметот е даден на друг судија на претходна постапка.

Таткото на Вања беше уапсен на почетокот на декември по што заврши во притвор, како еден од осомничените. За него останатите уапсени посочиле дека бил во комуникација со првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, односно наводно му кажал во колку часот неговата ќерка излегува од дома за да оди на училиште.

Од обвинителството ги чекаат вештачењата на прибраните материјални докази, по што ќе биде познато дали има и материјални докази кои го поткрепуваат ова сведочење за вмешаноста на таткотоЧетиринаесетгодишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца признаа вина. Сите се наоѓаат во притвор.

Палчо, кој е осомничен за извршител на убиствата, е во притвор во Турција и се чека негова екстрадиција.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме