Утрински Весник
Македонија

За големиот празник “Богојавление – Водици” натпросечно топло, по што ни следува снежен викенд!

IMG

За големиот Христијански празник “Богојавление – Водици” и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со услови за слаби локални врнежи од дожд, особено во западните предели. Ќе продолжи да дува јужен и југозападен ветер и тој повремено ќе биде засилен на интензитет.

Температурите ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат до близу 20 степени.

СНЕЖЕН БРАН И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ОВОЈ ВИКЕНД ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30-40 цм, во градовите во западните предели таа ќе биде со висина локално и до 20 цм, понекаде и до 30 цм, во Скопскиот регион, како и во централните, југоисточните и источните предели та ќе биде најмала и ќе изнесува некаде од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе.

Уживајте во снежниот бран овој викенд.

Можете да прочитате

Засилен интензитет на тактичките активности на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26″

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

Скопски таксист „одрал“ странски турист – 7.800 денари од Центар до Средно Водно