Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Оценката од посетата на САД е дека ја имаме нивната поддршка во сите процеси кои значат напредок за државата

Img 7924

Во интервју за емисијата „10 минути”, на ТВ21, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше запрашан за впечатоците од работниот престој во Вашингтон, Соединетите Американски Држави, кој практично претставува прва посета на министер од ресорот внатрешни работи.

„Задоволство е што имавме можност јас и колегите од МВР да бидеме на покана на официјалните власти на САД во Вашингтон изминатиов период. И, да, ова е прва посета на министер за внатрешени работи. Одржавме значајни средби кои се за иднината на нашата соработка, продлабочувањето на соработката како стратешки партнери и, секако, иднината на државата, генерално. Вие знаете дека САД како стратешки партнер не’ поддржуваат од формирањето на независната или современата македонска држава. Оценката е дека и понатаму во сите процеси коишто ќе значат напредок на државата ќе ја имаме поддршаката и во градењето на капацитетите на институциите. Морам да истакнам дека ние имавме извонредна соработка изминатиов период во областа на внатрешните работи, во делот на безбедноста, во борбата против тероризмот, организираниот криминал. Реализиравме многу заеднички проекти коишто ги реализиравме и преку програмата ИЦИТАП. Таму имавме една средба со директорот на ИЦИТАП. Разговаравме за следните чекори, за наредната соработка којашто, исто така, треба да ја продлабочиме”, рече министерот Спасовски.

Можете да прочитате

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!

(Видео) Подкаст Зрак со д-р Марина оваа недела посветен на борбата со ракот на дојка