Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: Поради законска забрана од 2006 година не можеме да ги соопштиме имињата на даночните измамници

U p lukarevska 4

„Даночна тајна“ е во Законот за даночна постапка уште од 2006 година. И многупати недисципплираните, злосторничките здруженија и бизнис функционирањето меѓу компаниите не можеме да го објавиме поради обврската по овој закон. Листата на должници исто така е предвидена во законот за даночна постапка, дека можеме да ги објавуваме износите кои што ги должат должниците и нивните имиња. Транспарентноста според оваа „даночна тајна“ е ограничена,“ рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.
Таа информираше дека за случаите со трите компании не станува збор за големи компании туку за мали и средни. Додека добавувачите се големи и средни компании.
„Паралелно на оваа листа на должници од коморите имаше барање за бела листа на плаќачи, и би било навистина одлично да ги видиме и најдисциплираните, оние кои најмногу допринесуваат на приходната страна на буџетот.

Можете да прочитате

Закажан почетокот на судењето за Адитиви – на 37 обвинети ќе им се суди во судницата во Идризово

Обвинителката: Се враќаат по лопaтата оти ја заборавиле, тоа е јасен доказ дека планирале убиство на Вања

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри