Утрински Весник
Македонија

63 годишен дилер од Велес, уапсен откако бил фатен со кокаин

Kokaina

На 14.01.2024 во 16.20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес информира МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, бил пронајден и одземен кокаин. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Можете да прочитате

М-НАВ прво ја одбил, па следниот ден ја одобрил 7 милионската позајмица

Се гасне пожарот во селата во Општина Студеничани

Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот, нашата позиција е јасна